Икер Касиљас денеска ги изненади сите откако на Твитер објави дека е геј, а брзо потоа го избриша твитот.
Сега се јави со нов твит во кој вели дека бил хакиран и им се извини на сите.
„Хакиран акаунт. За среќа се е во ред. Им се извинувам на моите следбеници. И се разбира, уште повеќе се извинувам на ЛГБТ заедницата“, напиша Касиљас.