Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, на својата Фејсбук страница објави изјава во врска со инцидентот синоќа на натпреварот на УС Опен против Шпанецот Пабло Карењо-Буста.
Тој со топче удри линиски судија и беше дисквалификуван.
– Целата оваа ситуација ме остави многу тажен и уништен. Проверив кај судијката и таа ми рече дека, фала богу, се чувствува добро. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Ова беше ненамерно. Не е во ред. Што се однесува до дисквалификацијата, треба да работам со мојата фрустрација и да ја претворам целата оваа ситуација во лекција за мојот раст како играч и личност. Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Јас сум многу благодарен на мојот тим и семејството што ми беа поддршка и на моите навивачи што секогаш беа со мене. Ви благодарам, извинете, напиша Ѓоковиќ.
Инцидентот се случи во првиот сет при резултат 6:5 за шпанскиот тенисер.