Поранешниот македонски репрезентативец, Гјорги Христов кој во кариерата запиша настапи за А-репрезентацијата и постигна 16 гола е во Букурешт, се реши да ги следи мечевите на нашиот национален тим во живо од самото место на настанот.
Христов за дриблинг.мк вели дека оваа генерација на играчи е неверојатна, игра фудбалски дрско, може да победи секого.
„Ова е супер генерација, нема тешки и лесни натпревари на ЕУРО, сите се подеднакво тешки и важни, но ме радува дека оваа група на играчи може да победи секого, да игра против секоја репрезентација, очекувам многу, ова се спортски дрски играчи и тоа го почувствува Германија. Очекувам добри резултати, можеме да победиме секого на ова ЕУРО“ – изјави Христов за порталот дриблинг.мк
Дуелот меѓу Македонија и Австрија се игра утре од 18 часот на „Националната Арена“ во Букурешт.