Не ни се исполни сонот да бидеме дел од Светското првенство, но македонските фудбалери треба да останат со крената глава.
Македонија вечерва беше поразена на терен од Португалија, но ваква сплотеност на народот е многу силна и важна.
Ѕвездата на Манчестер јунајед, Бруно Фернандеш, беше стрелец на двата гола кои ја донесоа победата за Португалија.
Македонските фудбалери покажаа дека можат, го направија горд својот народ, разбудија среќа и сплотеност кај секој граѓанин.
Поддршката ја почувствуваа и таму, цели 90 минути од натпреварот македонската публика беше на ниво на својата задача.
Порто цел ден беше обоен во црвено-жолто, се вееја македонски знамиња, се пееја македонски песни. Ја почувствувавме сплотеноста која е карактеристична за нас како народ и како публика.
Не отидовме на Светско првенство и сигурно дека жалиме поради тоа. Но, фудбалерите и нивниот успех по победата над Италија ни ги оживеаја срцето и духот!