петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Го прашаа за семејството и не успеа да се воздржи- Ибрахимовиќ се расплака на конференцијата за медиуми

Го прашаа за семејството и не успеа да се воздржи- Ибрахимовиќ се расплака на конференцијата за медиуми

Пред шест дена шведскиот селектор Јане Андерсон го објави списокот на играчи за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во Катар, а во него е и Златан Ибрахимовиќ.

Златан (39) се враќа по пет години. Тој ќе и помогне на репрезентацијата во квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар, а потоа и на Европското првенство, пишува Индекс.

Ибрахимовиќ беше прашан од новинарите на повратниот печат за неговото семејство.

На напаѓачот на Милан му беше жал што не може да биде со семејството и синот во Шведска. Екипите мора да бидат во карантин пред натпреварите поради пандемијата на коронавирусот.

Потоа следуваа фудбалски теми.