Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски го доби признанието за тренер на месецот во втората по ранг конкуренција во Саудиска Арабија.
Тој забележа одлични резултати со тимот на Наџран во изминатиот период, иако сѐ уште се наоѓа во опасната зона на табелата. Хаџиевски се врати со мисија да го извлече Наџран и да му обезбеди опстанок.