четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ГОЛ КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ: Голманот Ќосевски даде злато вреден погодок од 70 метри во судиското продолжение (ВИДЕО)

Голманот на Широки беше невнимателен, па Ќосевски постигна еврогол за голема прослава на Грбавица.
ГОЛ КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ: Голманот Ќосевски даде злато вреден погодок од 70 метри во судиското продолжение (ВИДЕО)

Дербито на колото во првата лига во Босна, меѓу Железничар и Широки Брег заврши со 1:1, реми кое сепак остана во сенка на одличниот погодок на голманот на Жељо, Ведран Ќосевски.

Широки водеше со 1:0 се до финишот, кога голманот Ќосевски постигна погодок.

Голманот на Широки беше невнимателен, па Ќосевски постигна еврогол за голема прослава на Грбавица.

Претходно гостите поведоа со 1:0 со голот во првиот дел на Багариќ, но можат и тоа како да жалат за тоа што изгубија два бода, додека пак на Жељо овој бод ќе му значи многу во битката за тронот.

Амбициите на домаќините беа многу поголеми од 1:1, но како се одвиваа настаните може да бидат задоволни.