недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Голем број луѓе и журка пред домот на хрватскиот селектор: Погледнете како херојот Далиќ беше пречекан во Вараждин (ФОТО+ВИДЕО)

Голем број луѓе и журка пред домот на хрватскиот селектор: Погледнете како херојот Далиќ беше пречекан во Вараждин (ФОТО+ВИДЕО)

Јас сум вараждинец, вараждинец, се пееше во Вараждин додека најголемиот херој на Хрватска овие денови, селекторот Златко Далиќ пристигнуваше во својата улица. Откако стигна таму почна да свири и песната „Лијепа ли си“.

Селекторот на Хрватска се гушкаше и љубеше со секого, во Вараждин владееше еуфорија која долго време не е видена, како и остатокот на Хрватска.

Секој барем на кратко сакаше да допре и „доживее“ Златко Далиќ, да собере дел од ѕвездената прашина од човекот кој со својата скромност и понизност ги собра срцата на сите Хрвати, а и не само на Хрватите, туку и на многу други низ светот, посебно тука во регионот.

Далиќ потоа го зема микрофонот и одржа емотивен говор пред своите соседи и сограѓани.

-Драги мои соседи, јас бев и пред 100 илјади луѓе, но ова така ме допре и погоди. Не сакаа да ми кажат што се случува во мојата улица, но ова сега толку ме допре. Знам дека имам добри соседи и сограѓани, но вакво нешто не очекував. И мене ми е драго што препознавте дека игравме за Хрватска, дека дадовме се од себе и дека ова е вредно за пофалба. Ова што синоќа беше во Загреб тешко дека може да се повтори, единствено ако бидеме прваци, кажа хрватскиот селектор додека сите пееја „Златко Далиќ, Златко Далиќ“.

-Јас многу пати имам кажано дека не се срамам од моето потекло, каде тргнам, но исто така многу пати сум кажал дека мене Вараждин ми даде се во живото да бидам ова што сум и повторно се ова да го направам. Затоа сум горд и истакнувам „Јас сум Вараждинец“. Ова што го доживеав од вас, вакви чувства на емоции и љубов, за ова вреди да се живее, додаде Далиќ пред по кој знае кој пат да покаже како човек се работи како што пишуваат хрватските медиуми.

-Едноставно ќе пијам кафе, каде го правев тоа и претходно. Нема ништо да се промени и затоа се ова заедно го направивме. Мислам дека ни фали позитива, нормални луѓе, тоа ни фали. Не што е тука чудно, но така е. Да не должам многу, навистина луѓе мои, ви благодарам од срце на дочекот и искреноста. Искрена благодарност од мене и моето семејство, на сите мои соседи, ви благодарам многу, го заврши својот договор големиот, пред се човек.