Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шакири го исполни своето ветување и на мечот против србија облече копачки со знамето на Косово.
Србија и Швајцарија го одиграа мечот од второто коло на Светското првенство во Русија, а со головите на косовските Швајцарци, Гранит Џака и Џердан Шакири, Швајцарците стигнаа до победа од 2:1.
Но тоа не е крајот на скандалите на овој натпревар. Имено, фудбалерот на Швајцарија Гранит Џака, изедначувачкиот погодок против Србија го прослави прекрстувајќи ги рацете во симбол на двоглав орен, кој се наоѓа на албанското знаме.
Инаку провокациите и од двајцата фудбалери ги имаше и претходниве денови, кога се разгоруваа страстите за овој меч.
Медиумите во Србија бараат суспензија за двајцата играчи, бидејќи според правилата на ФИФА и УЕФА политиката не смее да се меша во спортот.