четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Гоцевски нов тренер ФK ,,Каменица Саса”

Горан Гоцевски нов тренер ФK ,,Каменица Саса”

Фудбалскиот клуб ,,Каменица Саса” доби нов тренер. За кормилар на екипата која се наоѓа на третото место во Втората фудбалска лига Исток е назначен Горан Гоцевски, поранешен фудбалер на Саса и Пирин од Благоевград, Бугарија.

Гоцевски доаѓа на местото на Горан Здравков кој си замина од клупата на Каменица Саса, откако не најде заеднички јазик со новата управа на клубот.

Во улогата на стратег, претходно 33 годишниот Гоцевски има работено во младинските категории на Саса, како кондиционен тренер и прв помошник на Здравков.