Фудбалската репрезентација на Макдонија ги заврши настапите на своето дебитантско учество на Европските првенства.Овој меч беше последен и за капитенот Горан Пандев.
„Возбуден сум и благодарен за цела Македонија. Дваесет години носење на овој дрес беше посебна чест и гордост. Одигравме добро првенство, но ни фалеше тоа искуство. Ни фалеше многу малку за да направиме добар резултат. Вечно ќе се сеќаваме на овие денови. При стартот на Блинд добив удар, но Холандија е фаворит и домаќин и нормално судиите да се наклонети кон оваа селекција. Ние и на овој натпревар го дадовме максимумот, имавме два поништени гола, статива и уште неколку шанси. Но во вториот дел физички паднавме, а Холандија го искористи тоа. Нема простор за враќање. На 38 години да играм на два фронта е претешко. Ќе навивам за овие момци и убеден сум дека ќе обезбедат пласман на Светско првенство“, рече Пандев.