среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Пандев: Мојата цел е да одиграм добро ЕП

Горан Пандев: Мојата цел е да одиграм добро ЕП

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев даде интервју за клупската телевизија на неговиот клуб Џенова, во која говореше на повеќе актуелни теми за него и за неговата кариера.

„Живеам во куќа веднаш на море веќе пет години и секое утро го чувствувам морето. Тоа ме опушта и ме релаксира, и мене и моето семејство. Добро се чувствуваме во Џенова, долго време сме тука, луѓето се љубезни и ова е наш втор дом“, вели Пандев.

Нашиот репрезентативец се наврати и на почетоците. Кажа дека неговата мајка инсистирала тој повеќе да учи, ама кога бил мал, Пандев бил преокупиран со фудбал и само тоа му било во мислите.

Мајка му сакаше да одам на училиште, но мене тоа не ми се допаѓаше. Јас сакав само фудбал и од мал играв со другарите. Толку бев заблуден во фудбалот, што не гледав многу по девојки. Еден мој пријател ме запозна со Надица, со која и денес сум заедно и имаме прекрасно семејство, Сите три деца се родени во Италија Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова. Некогаш знам да бидам и строг со децата, но не сум долго со нив и не може да бидам престрог“, додава капитенот .

Пандев во интервјуто откри дека три гола му се најдраги во клупската кариера.

„Најубави мои голови се лоб ударот против Верона во дресот на Џенова, голот за Лацио против Јуве, кога ги минав Турам, Канаваро и го совладав Буфон и уште еден гол против Јуве, овојпат во дресот на Наполи“, вели најдобриот македонски фудбалер.

Не може да не се разговара со Пандев, а да не се спомене неговиот клуб  Академија Пандев.

„Кога сум во Македонија, редовно го посетувам мојот клуб – Академија Пандев. Во клубот се околу 300 деца и кога ги гледам среќни, за мене е гордост. Нашата земја е сиромашна, минавме низ војна и среќата на младите фудбалери многу ми значи“, се зборовите на напаѓачот.

За победата против Германија уште се зборува:

„Уште не можеме да поверуваме веруваме што направивме во Дуизбург. Германците дваесет години немаа загубено квалификационен натпревар на домашен терен. Ниту ние, ниту нашите навивачи не сме свесни што остваривме. Моја цел е сега да одиграм добро Европско првенство. Долго го чекав и еве ми се исполни сонот“, кажа Пандев.

Главниот играч на Македонија и Џенова најави пензија по крајот на сезоната. Не откри дали неговите планови може да се променат поради борбата за СП 2022, но вели дека по крајот сака прво малку да му се посвети на семејството, а потоа ќе се врати на она што најдобро го знае, тоа е фудбалот.

„Се уште не знам што ќе работам по завршувањето на кариерата, малку сум неодлучен. Сигурно дека сакам повеќе да се посветам на семејство, бидејќи долго бев отсутен. Сакам да патуваме, да минеме долго време заедно, па потоа за другото ќе видиме. Сакам да останам во фудбалот, тоа е единствената работа што знам добро да ја работам“, заврши тој.