Блок трансакција вчера помина на Македонската берза со акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, во сопственост на нашиот поранешен репрезентативец Горан Пандев, објавува „Фактор.мк“.
Податоците од Берзата велат дека беа продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, рамно на 603.000 илјади евра.
Доколку се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, Академија Пандев има вкупно издание 2.500 акции, што значи дека преку берзанската блок трансакција вчера беше продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останаа само 250 акции.
Изразено во проценти, продадени се 90 отсто од ФК Академија Пандев за сума од 603.000 илјади евра.
Нема официјална информација за тоа кој го купи доминантниот и мнозински дел од акциите на прволигашкиот фудбалски клуб.