петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Пандев стана втор највозрасен стрелец на ЕП

Горан Пандев стана втор највозрасен стрелец на ЕП

Горан Пандев стана вториот највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства. Капитенот на македонската репрезентација, против Австрија се запиша во листата на стрелците на возраст од 37 години и 322 дена.

Прв на оваа листа е Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол на возраст од 38 години и 256 дена на 12 јуни 2008 година против Полска.

Во Топ 5 се и: Золтан Геро од Унгарија во 2016 година со 37 години и 61 ден; Гарет Маколи од Северна Ирска во 2016 година со 346 години и 194 дена и Андриј Шевченко од Украина во 2012 година со 35 години и 255 дена. (МИА)