Фудбалскиот тренер Гораз Михајлов ќе биде замената за Горан Симов на кормилото на кратовски Силекс.
По испаѓањето во втората лига тимот од Кратово направи комплетна промена во стручниот дел од раководството, а покрај назначувањето на Михајлов за тренер, во клубот се враќа и легендата, Стевица Ристиќ кој е назначен за спортски директор.
Прва цел на Михајлов и Ристиќ ќе биде враќање на Силекс во елитата, но и достојно претставување на клубот во Европа, каде успеаја да обезбедат пласман со освојувањето на Националниот куп.