Јаја Туре се врати се врати меѓу црвено-белите! Еден од најдобрите африкански фудбалери во 21 век повторно е дел од Олимпијакос, клубот од каде се вивна меѓу ѕвездите на светскиот фудбал.
Искусниот играч од средниот ред си замина ова лето од Манчестер Сити без оштета и скоро целиот преоден рок траеше дилемата каде ќе ја продолжи кариерата, а потоа во последен момент реши да се „врати дома“.
Иако се споменуваа Тотенхем , Вест Хем, Арсенал, па дури и Фулам и Вотфорд, на крајот тој реши да не остане во Англија, туку да се врати таму каде што ја стекна првата поголема афирмација во Европа.
За тоа сигурно удел имало и финансиската понуда од клубот од Пиреја, кој само за потписот му даде 2 милиони евра, а во текот на едногодишниот договор ќе добие уште 2.45 милиони како плата, што го прави најплатен играч во Грција.
Туре далечната 2005 пристигна во Олимпијакос од Металург Доњецк за 3 милиони евра, а многу брзо се покажа како играч за големи натпревари, па следеше трансфер во Монако и потоа во Барселона, од каде во 2010 година пристигна во Манчестер Сити, кој го направи најплатен играч на светот.
Сега после 13 години тој е повторно дома, а навивачите на Олимпијакос во свој стил му приредија огнен пречек.