четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ГОТОВО Е: Касемиро за 60 милиони го засилува Манчестер Јунајтед!

ГОТОВО Е: Касемиро за 60 милиони го засилува Манчестер Јунајтед!

Фабрицио Романо потврди дека Касемиро наскоро ќе биде претставен како ново засилување на Манчестер Јунајтед.

Бразилецот ќе стави потпис на четиригодишен договор, со опција да продолжи уште една сезона. Реал Мадрид ќе добие 60 милиони евра и дополнителни десет милиони во вид на бонуси. За време на викендот ќе се комплетираат деталите, како работната виза и медицинските прегледи. Тимот од „Олд Трафорд“ добива огромно засилување, со големо искуство и високи фудбалски квалитети.

30-годишникот потекнува од школата на Сао Паоло. Од 2013 година е дел од Реал Мадрид, а краток период помина на позајмица во Порто.