понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гоце Седлоски е нов тренер на албанската Влазнија

Гоце Седлоски е нов тренер на албанската Влазнија

Албанскиот суперлигаш Влазнија објави дека нивен нов тренер е македонскиот стручњак Гоце Седлоски, со кого потпишале договор со важност до крајот на наредната сезона 2023/2024.

Седлоски до неодамна беше тренер на Шкупи, а претходно беше прв тренер и на Динамо Загреб 2, Широки Бријег, Рига, Вардар и Турново. Тој има освоено три титули во македонската Прва лига, а Албанците го најавуваат како тренер на кој омилена формација му е 4-2-3-1.

Влазнија во моментов е четврта на табелата со девет бода помалку од лидерот Партизани и Тирана, која е втора.