сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гранит Џака го напушта Арсенал и се враќа во Германија

Гранит Џака го напушта Арсенал и се враќа во Германија

Фудбалерот Гранит Џака според најавите ќе си замине од Арсенал на крајот од сезоната затоа што е пред трансфер во германската Бундеслига.

Седум години Џака го носи дресот на Арсенал каде што дојде за 45 милиони евра од Борусија Менхгладбах, а сега според најавите на Фабрицио Романо повторно ќе игра во Германија.

„Џака може да си замине од Арсенал на крајот од сезоната. Немаше преговори за нов договор и планирана е разделба во јуни. Баер Леверкузен е фаворит и е во поодминати преговори со Џака, се споменува оштета од околу 15 милион иевра, фудбалерот веќе ги договори личните услови“, објавив Романо.