вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Грција, Египет и Саудиска Арабија подготвуваат кандидатура за СП 2030

Грција, Египет и Саудиска Арабија подготвуваат кандидатура за СП 2030

Битката за добивање на организацијата на Светското првенство во 2030 година е во тек. Заедничка кандидатура се очекува да поднесат три земји од различни континенти.

Тоа се Грција, Египет и Саудиска Арабија, земји кои сакаат заедно да бидат домаќин на Мундијалот кој би се одржал во зимскиот период.

Конкуренцијата е сериозна затоа што Португалија и Шпанија конкурираат заедно, исто како и четири јужноамерикански земји – Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема да има лесна задача, бидејќи треба да донесе одлука за ова првенство. Доколку успеат да го добијат домаќинството, тоа ќе биде историски Мундијал, бидејќи би се играл на три континенти: Европа, Азија и Африка.

Грција ќе ја има поддршката од УЕФА, Саудиска Арабија од АФЦ, додека Египет од ЦАФ, па така лобито за оваа спојка е големо. Одлуката околу домаќинот треба да се донесе во 2024 година.

На крајот на годинава во Катар ќе се одржи првото Светско првенство во есенски период, додека Мундијалот во 2026 ќе се игра во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико.