Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, ги негираше написите на угледниот медиум „Франс Фудбал“.
Францускиот весник напиша дека стрелецот не се чувствувал добро во соблекувалната на Каталонците.
– Тие ми завидуваат за освојувањето на Светското првенство, наводно кажал Гризман, според весникот.
Од околината на напаѓачот, сепак експлицитно негираат дека напаѓачот кажал вакви работи пред изданието или дури и во пријателски или семеен круг.