четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гризман дементираше дека се сели во Барселона

Во неговиот договор има клаузула за откуп од 100 милиони евра, а некои изданија во Шпанија и Франција веќе напишаа дека каталонците се согласиле да ја платат.
Гризман дементираше дека се сели во Барселона
Најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ги демантираше информациите кои се тиражираат во последниве месеци дека тој веќе има договор со Барселона за трансфер следното лето.
Во неговиот договор има клаузула за откуп од 100 милиони евра, а некои изданија во Шпанија и Франција веќе напишаа дека каталонците се согласиле да ја платат.
-Овие информации не се точни, изјави Гризман пред „Телефут“.
Францускиот репрезентативец, исто така, посочи дека ако се случи евентуален негов трансфер по крајот на сезоната, тој мора да биде завршен пред почетокот на Светското првенство.
-Додека сум на Светското првенство, не сакам да размислувам за други работи, додаде Гризман.