Антоан Гризман бил вознемирен од одлуката на Дидје Дешан да му ја додели капитенската лента на Килијан Мбапе, напаѓачот дури резмислува да се повлече од дресот на Франција.
Дидје Дешан мораше да одбере нов капитен на „триколорите“ по одлуката на Иго Лорис да стави крај на кариерата во репрезентацијатa и селекторот на Франција реши да го прескокне Антоан Гризман и лентата да му ја додели на Килијан Мбапе.
Според пишувањата на Ле Фигаро, на Антоан Гризман не му се допаднал ваквиот потег на Дидје Дешан и прилично е вознемирен од одлуката на селекторот.
Се говори дека напаѓачот на Атлетико Мадрид дури и размислува да се повлече од дресот на Франција.
Антоан Гризман има 117 настапи за „триколорите“ и постигна 42 погодоци.