среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гризман не сака да биде роб на договорот помеѓу Атлетико и Барса, бара итно да се најде решение

Гризман не сака да биде роб на договорот помеѓу Атлетико и Барса, бара итно да се најде решение

Според пишувањата на Л’Екип, Антоан Гризман побарал Атлетико и Барселона итно да најдат решение за тој да може да игра фудбал, не се исклучува можноста Французинот да замине од Мадрид во последните часови од преодниот рок.

Атлетико Мадрид ќе треба да и плати на Барселона 40 милиони евра доколку Антоан Гризман има одредена минутажа, „колчонероси“ не сакаат да одвојат ваква сума, па Французинот натпреварите од новата сезона ги започнува на клупата за резерви, шанса добива во второто полувреме и на теренот поминува околу 30 минути.

Како што пренесува Л’Екип, ваквата ситуација не му се допаѓа на Антоан Гризман, напаѓачот не сака да биде роб на договорот помеѓу Атлетико и Барса, па побарал двата клуба итно да најдат решение.

Антоан Гризман се надева дека ќе биде постигнат компромис помеѓу Атлетико и Барса и клубовите ќе си подадат рака за намалување на сумата од 40 милиони евра. Тој дури е подготвен да прифати и помала плата за да помогне да се намали финансискиот товар врз „колчонероси“.

Л’Екип исто така додава дека не се исклучува можноста Антоан Гризман да замине од Атлетико во последните часови од преодниот рок бидејќи напаѓачот сака да игра фудбал во пресрет на мундијалот во Катар.