Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ претрпе срцев удар на натпреварот од третата шпанска лига меѓу неговата Кордоба и Ферол и итно беше пренесен во болница.
По лекарската интервенција на теренот Србинот дури и сакаше да продолжи да игра, но итно заврши во болнички кревет.
Седум минути лекарите го реанимираа братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој колабираше на самиот почеток на натпреварот, далеку од сите случувања, кога топката не му беше ни блиску. Гудељ падна на тревата, па стана, а потоа уште еднаш колабираше, пред судијата да го забележи и веднаш да побара мечот да се прекине и медицинската служба да влезе на теренот.
Лекарите од двата тима втрчаа и почнаа да му го спасуваат животот на Гудељ, кој неколку минути бил во несвест додека му го масираа срцето и го реанимирале со дефибрилатор.
Кордоба објави дека Драгиша Гудељ сега е стабилен и ќе биде задржан во болница на дополнително испитување.
Драгиша Гудељ играчката кариера ја започна во помладите категории на Ајакс, играше за Волен, Виторија Гимареш Б, Кадиз Б, додека во Кордоба е од 2022 година.