сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ѓуровски: Капа долу за тебе мој пријателе Дарко, ти си права легенда

Ѓуровски: Капа долу за тебе мој пријателе Дарко, ти си права легенда

Во име на актуелниот фудбалски шампион на Србија на промоцијата на филмот на Дарко Панчев – „Патот на Кобрата до ѕвездите“ – беше и некогашниот репрезентативец на Македонија, а сегашен тренер Бошко Ѓуровски.

Тој имаше обраќање пред присутните во кое му честита на играчот за се што направи низ богатата кариера и посочи дека овој документарец е заслужен.

„Даре мој, во името на Црвена Звезда и мое лично име сакам да ти пренесам поздрави од сите генерации на клубот. Зборував со големи играчи во изминатите денови. Имаш и голем поздрав од Милко. Фудбалерите во клубовите ги делам на легенди, мајстори и во трета група се тие што не се сеќаваат дека играле за Вардар и за Црвена Звезда. Жалам, ама тоа е вистината. Тука имаме многу легенди на Црвена Звезда и Вардар. Легенда се станува на два начина, со верност во клубот или со посебен допринос. Јас сум љубоморен на тебе малку Дарко, во три до четири години стана легенда, а јас терав десет години, па тогаш да ми каже некој легендо како си. Затоа, голема благодарност за се што даде на Црвена Звезда, ќе ги цитирам Французите – „chapeau mon ami“ (шапка долу, мајсторе н.з)“, изјави Ѓуровски.

На промоцијата Бошко Ѓуровски му го подари новиот дрес на Црвена Звезда на Дарко Панчев.