петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Густаво Појет нов селектор на Грција

Густаво Појет нов селектор на Грција

Уругваецот Густаво Појет официјално е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Грција. Тој потпиша договор со фудбалската федерација на Грција до 2023 година, со можност соработката да се продолжи.

– Доаѓам во преубава земја со богата историја и пријателски народ. Кога ме контактираа луѓето од Федерацијата , почувствував голема чест. Грција победи на ЕП 2004 година и играла во финалиња на големи натпреварувања и токму таму сакаме да се вратиме – изјави Појет.

Појет доаѓа на местото на Холанѓанецот Џони ван’т Шип кој си поднесе оставка по неуспехот во квалификациите за Светското првенство во Катар.