Управата на Манчестер Сити ќе му обезбеди на својот менаџер Пеп Гвардиола 150 милиони фунти за зајакнување на тимот за време на летниот преоден рок, пренесува „Гардијан“. Како што е познато, вчера Спортскиот арбитражен суд ја укина двегодишната казна на „граѓаните“ за не учество во ЛШ. Покрај тоа, судот во Лозана ја намали казната од 30 милиони евра на 10 милиони.
Поради овие 2 фактори, англискиот гигант ќе има повеќе можности да привлече играчи од висока класа. Меѓу големите цели на Гвардиола се централен и лев дефанзивец. Шпанскиот менаџер може да ангажира и нов напаѓач, поради можноста Серхио Агуеро да замине следното лето по истекот на неговиот договор.
Меѓу играчите на мета на Гвардиола се левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба и централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали.