сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: На „Олд Трафорд“ одиме на победа

Гвардиола: На „Олд Трафорд“ одиме на победа

Во пресрет на градското дерби со Манчестер јунајтед, тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола рече дека неговиот тим е поквалитетен и ќе игра на победа.

– Секако дека ќе биде тешко, како и против кој било голем клуб. Ќе се обидеме да го контролираме текот на играта колку што можеме. Сметам дека во моментов имаме поквалитетен состав од противникот и очекувам да го искористиме тоа. Јасно е дека ќе дојдеме на „Олд Трафорд“ да победиме, како и секогаш, изјави Гвардиола.

Градското дерби на Манчестер од 12. коло во Премиер лигата е закажано за вечер во 18:30 часот.

По десет одиграни натпревари Јунајтед е на 7. место со 19 бода, Сити е на 8. позиција со бод помалку.