понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола влезе во војна со навивачите на Сити!

Гвардиола влезе во војна со навивачите на Сити!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, неочекувано влезе во војна со зборови со навивачите на клубот, откако прво прокоментира дека сака да види повеќе публика на „Етихад“ на што веднаш му беше одговорено од следбениците на „граѓаните“.

Мечот против Лајпциг (6-3) го следеле „само“ 38.000 гледачи иако капацитетот на стадионот е 55.000, поради што шпанскиот стратег побара поголема поддршка на дуелот од Премиерлигата викендов, што од навиваите беше протолкувано како критика.

-Ме изненади коментарот на Гвардиола и навистина не ми е јасно зошто тој се замара со тоа. Зарем не разбира дека некои луѓе имаат проблем да дојдат на стадион во среда во 20 часот. Тој не најдобар тренер на светот, но најдобро за него е да си се држи до својата професија и да не се меша каде што не му е местото, изјави Кевин Паркер, секретар на официјалната навивачка група на Сити.

Гвардиола веднаш реплицира на ова, потенцирајќи дека нема да се извини за кажаното. Тој вели дека бил погрешно разбран и дека најмногу се нервира кога одредени луѓе му наметнуваат нешто што воопшто не го изјавил., а дека е дури и подготвен да си замине од клубот ако продолжи ваквиот тренд.