Романскиот селектор Мирел Радои остана само на 17 фудбалери после позитивниот тест на Јанис Хаџи.
Симптомите кај голгетерот на Романија се појавиле денес, а направениот тест на крај донел позитивни резултати.
–Од лекарскиот тим ме информираа дека брзите тестови биле негативни, чекаме резултат од ПЦР тестовите, па моравме и да импровизираме на тренингот, – вели романскиот селектор.
Синот на славниот Ѓорѓе Хаџи беше стрелец на победничкиот погодок на првата средба со нашата репрезентација.