вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хајнкес: Пандемијата го покажа лошиот развој на фудбалот и заедницата

Хајнкес: Пандемијата го покажа лошиот развој на фудбалот и заедницата

Легендарниот германски тренер Јуп Хајнкес изјави дека избувнувањето на пандемијата од коронавирус откриле непожелни случувања во фудбалот и пошироката јавност во последните години.

Тој за весникот „Велт“ изјави дека себичноста е поставена над вредностите како што се кохезија, хуманост и солидарност.

-Треба повторно да ги изостриме сетилата за луѓето кои не се справуваат толку добро во општеството, во фудбалот, вели Хајнкес.

Гледајќи кон фудбалот и кризата, која може да зафати многу клубови, Германецот ги поддржа луѓето што повикуваат на поголема скромност.

-Важно е да се бара начин за поголема нормалност во фудбалот. Износите за трансфери и плати треба да се намалат и повторно да се сведат на нормално ниво. Во еден момент, парите станаа неморални, рече искусниот тренер.

Хајнкес (74) е поранешен германски репрезентативец, кој ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн Минхен. Тој беше на кормилото на Баварците три периоди, достигнувајќи го врвот во 2013 година кога освои „требл“.

Бундеслигата е запрена од средината на март поради пандемијата, но клубовите се надеваат дека ќе го нормализираат процесот на тренинзи подоцна овој месец, чекајќи потврда од владата. (МИА)