Борусија Дортмунд славеше со убедливи 5-2 против Ајнтрахт Франкфурт на стартот на новата сезона во Бундес – лигата, а Ерлинг Халанд и оваа година ќе биде напаст за противниците. Учествуваше во сите пет гола на „милионерите“, постигна два гола и подели три асистенции.
Марко Ројс во 23.минута ја донесе Борусија Дортмунд во водство, а само четири минути подоцна Паслак си постигна автогол за израмнување. Сепак, Торган Азар и Ерлинг Халанд зголемија на 3-1 до крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, Рејна и Халанд стрелаа во мрежата на Ајнтрахт, а конечните 5-2 ги постави Јенс Хауге во 86.минута.