вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд најмногу сака да игра против Манчестер јунајтед

Халанд најмногу сака да игра против Манчестер јунајтед

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд одговори на прашањето против која екипа едвај чека да игра.

Дваесет и едногодишниот Норвежанец, најмногу сака да учествува на натпреварот со Манчестер јунајтед.

-Не ми се допаѓа да го соопштам ова, но одговорот е Манчестер јунајтед, беше цитиран Халанд за време на неговото претставување пред навивачите на „граѓаните“ од „Јунајтед зона“.

Халанд се пресели во Манчестер сити од Борусија Дортмунд на 1 јули 2022 година. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2027 година.