петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халилхоџиќ не сака на клупата на БиХ

Халилхоџиќ не сака на клупата на БиХ

Искусниот фудбалски стратег Вахид Халилхоџиќ ја отфрли можноста да ја преземе должноста селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, од која вчера беше сменет Мехо Кодро.

„Ваха не е кандидат и нема да биде селектор на БиХ“, изјави 70-годишниот Халилхоџиќ за сараевскиот весник „Дневни аваз“, по медиумските шпекулации дека ќе биде наследникот на Кодро.

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи му врачи отказ на Кодро (49), кој на должноста остана само два натпревари, идентично како и во 2008 година.

Кодро седна на клупата на БиХ на почетокот на август на местото на Фарук Хаџибегиќ и ја предводеше репрезентацијата на натпреварите против Лихтенштајн (2-1) и Исланд (0-1) во рамки на квалификациите за пласман на ЕУРО2024.