четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаос на тренингот на фудбалската селекција на Хрватска: Ливаја тргна да се пресмета со публиката (ВИДЕО)

Хаос на тренингот на фудбалската селекција на Хрватска: Ливаја тргна да се пресмета со публиката (ВИДЕО)

На последниот тренинг на хрватската фудбалска репрезентација на „Рујевица“, стадионот на Ријека, се случи инцидент. Марко Ливаја ги загуби нервите поради навреди упатени кон него од дел од гледачите од трибините.

„Ливаја престана да тренира и се упати кон толпата за вербално да се пресмета со оние кои фрлаа по него. По него се стрчаа и други играчи, но и Ведран Чорлука кој ја смири ситуацијата“, пишува „Спортске новости“.

На тој дел од трибините веднаш реагираа обезбедувањето и полицијата, па сѐ остана само на вербален инцидент.