Сцени што ретко се гледаат на фудбалските терени доаѓаат од Танзанија. Поради рој пчели осум минути во прекин бил натпреварот во Купот на оваа африканска држава.
Јанг Африканс и Иринга Јунајтед го играле натпреварот на „Ухуру“ стадионот кога на теренот влетал рој пчели. Речиси сите играчи, оне што биле на теренот и оние што биле на клупите за резерви се фрлиле на тревата, а некои дури избегале во соблекувалните.
A SWARM OF BEES attacked players and officials in the Tanzania ?? FA Cup match between Young Africans and Iringa United in Dar es Salaam yesterday.
The match ended 4-0 to Young Africans. pic.twitter.com/007CuemWBI
— N U H U ? (@NuhuAdams_) December 22, 2019
Пчелите најпрвин се задржале на теренот, а потоа се „преселиле“ на трибините, а по извесно време неканетите гости го „напуштиле“ стадионот.
Прекинот поради пчелите траел осум минути.
За среќа целиот инцидент минал без последици. Мечот продолжил и завршил со победа на Јанг Африканс од 4:0.