четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаос среде натпревар: Фудбалерите легнаа на трева и им беше страв да станат, ова е причината (ВИДЕО)

Хаос среде натпревар: Фудбалерите легнаа на трева и им беше страв да станат, ова е причината (ВИДЕО)

Сцени што ретко се гледаат на фудбалските терени доаѓаат од Танзанија. Поради рој пчели осум минути во прекин бил натпреварот во Купот на оваа африканска држава.

Јанг Африканс и Иринга Јунајтед го играле натпреварот на „Ухуру“ стадионот кога на теренот влетал рој пчели. Речиси сите играчи, оне што биле на теренот и оние што биле на клупите за резерви се фрлиле на тревата, а некои дури избегале во соблекувалните.

Пчелите најпрвин се задржале на теренот, а потоа се „преселиле“ на трибините, а по извесно време неканетите гости го „напуштиле“ стадионот.

Прекинот поради пчелите траел осум минути.

За среќа целиот инцидент минал без последици. Мечот продолжил и завршил со победа на Јанг Африканс од 4:0.