сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ХАОС ВО БАРСЕЛОНА: Серхио Агуеро сака да ја напушти Барселона!

ХАОС ВО БАРСЕЛОНА: Серхио Агуеро сака да ја напушти Барселона!

Според информациите од Шпанија, Серхио Агуеро побарал да го напушти клубот без да одигра ниту еден официјален натпревар за каталонскиот великан.

Аргентинскиот напаѓач е разочаран и бесен откако неговиот голем пријател Лионел Меси го напушти клубот. Сега и тој сака да го стори истото.

Наводно, Агуеро веќе активирал адвокати кои ќе ги разгледаат сите факти околу раскинувањето на договорот и ќе побараат од клубот да си замине.

Барселона му гарантираше на Агуеро дека ќе игра со Лионел Меси за време на договорот, но тоа нема да се случи бидејќи клубот официјално се прости од својата легенда.