Хулиганите во Англија повторно земаат замав, а откако сите се згрозија од дивјаштвото на финалето на Еуро 2020 во Лондон, кога група без билети го проби безбедносниот круг и влезе на стадионот, нови хаотични сцени денеска има во Манчестер.
Во пресрет на мечот на Манчестер јунјтед и Лидс, хилиганите на двата тима се начекаа во близина на „Олд Трафорд“, па не требаше многу за жестоко да се пресметаат. Летаа боксови, се користеше сѐ и сешто за да се турне противникот на земја и да му се удри ќотек.
Сцените повторно наликуваат на дивјачките 70-ти и 80-ти години, после што британските власти и тогашната премиерка Маргарет Тачер решија да стават крај на лудилото, но тоа по се изгледа никогаш не се искорени на Островот. Можеби на стадионите да, ама на улиците повторно е – хаотично.
Инаку првпат после 17 месеци на „Олд Трафорд“ ќе има полни трибини, откако коронавирусот во изминатиот период ги заклучи трибините и направи хаос во секојдневниот живот.
Current scenes outside Old Trafford. Leeds United and Man United fans scrapping! pic.twitter.com/WokjtEm5pO
— Acca Cracker (@Acca_Cracker) August 14, 2021