понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хауард Веб го суспендираше судијата кој призна гол од офсајд во Премиерлигата

Хауард Веб го суспендираше судијата кој призна гол од офсајд во Премиерлигата

Англискиот судија Ли Мејсон е суспендиран од листата на судии кои ќе бидат делегирани за натпреварите од 24. коло на Премиер лигата.

Мејсон беше суспендиран по грешката која ја направи на мечот меѓу Арсенал и Брентфорд, кога како ВАР судија при проверка на голот на Иван Тони заборави да повлече линија за офсајд, поради што голот беше потврден. Главниот судија во Премиер лигата Хауард Веб му се извини на Арсенал за грешката.

Претходно, суспензија доби и судијата Џон Брукс, кој не судеше на мечот синоќа меѓу Ливерпул и Евертон, поради грешката која како ВАР судија ја направи на мечот Кристал Палас – Брајтон