четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хектор Балерин се врати во Барселона

Хектор Балерин се врати во Барселона

Барселона, 2 септември 2022 (МИА) – Шпанскиот десен бек Хектор Балерин (27) се врати во Барселона откако го раскина договорот со лондонски Арсенал.

Балерин со каталонскиот клуб потпиша едногодишен договор.

Дефанзивецот ја мина академијата на Барселона, но не заигра за сениорскиот тим, туку во 2011 година замина за Арсенал и за премиерлигашот од северен Лондон одигра 239 натпревари.

Минатата сезона беше позајмен на Бетис и го освои Купот на кралот.

– Се чувствувам како да минале само неколку години откога дојдов во Лондон. Со големо жалење се збогувам со Арсенал, објави Балерин на својот Твитер профил.