Македонската фудбалска репрезентација денеска се враќа дома. Македонија вчера против Португалија загуби со 0:2 и не обезбеди пласман на Светското првенство, но покажа одлична игра и карактер.
Македонската јавност без трошка разочарување им честита на момците и се надева дека во иднина ќе има нови победи и настапи на европско и светско првенство.
Според најавите, момците денеска околу 18:30 часот треба да слетаат на скопскиот аеродром. Дел од нив, нема да дојдат тука, туку директно ќе заминат во своите клубови каде настапуваат.
Официјална организација за нивен пречек досега нема, но навивачите се самоорганизираат да ги пречекаат на аеродромот.