недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хет-трик на Митровиќ за победа на Србија, вардаровото дете Асани даде супер гол за Албанија (ВИДЕО)

Хет-трик на Митровиќ за победа на Србија, вардаровото дете Асани даде супер гол за Албанија (ВИДЕО)

Главен во победата на Србија беше Александар Митровиќ кој во првото полувреме постигна хет-трик, почесниот гол за Литванците беше дело на Паулаускас.

Албанија со гол на вардаровото дете Јасир Астани во 37. минута поведе против Полска, тоа беше мајсторски погодок. Конечните 2-0 ги постави Даку во второто полувреме.

И Албанија и Србија се во одлична позиција да се пласираат на Европско првенство.

А реални шанси има и Словенија која со 4-0 славеше на гостувањето кај Сан Марино, Грција со 5-0 го победи Гибралтар, Холандија со 2-1 славеше на гостувањето кај Ирска.

Црна Гора со гол на Јоветиќ во 97. минута ја победи Бугарија, Данска со 1-0 славеше во Финска, а победи од 1-0 забележаа и Молдавија кај Фарските острови и Казахстан против Северна Ирска.