Хетафе синоќа загуби на гостински терен од Бетис во 7. коло на Ла Лига со 2:0. Така, тимот има седум порази на седум натпревари по почетокот на сезоната 2021/22.
Со ваков биланс, Хетафе стана четвртиот тим во историјата на Шпанското фудбалско првенство и прв по 25 години. Претходно, таков негативен рекорд остварија Екстремадура (1996), Сарагоса (1952) и Расинг (1929).
Следниот дуел на Хетафе е на 3 октомври против Реал Сосиедад во рамките на 8. коло од Ла Лига.