недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хојлунд се поблиску до Манчестер Јунајтед

Хојлунд се поблиску до Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Аталанта за трансфер на младиот напаѓач, Расмус Холунд, пренесуваат медиумите на Апенините.

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде нов напаѓач, а најголема желба на Тен Хаг е токму Хојлунд.

19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

Аталанта ја одби првата понуда на „црвените ѓаволи“, но Јунајтед не се откажува и наскоро ќе испрати нова понуда од 55 милиони евра плус бонуси.