вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Холандија во страв – се повреди Де Лихт

Холандија во страв – се повреди Де Лихт

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт се повредил вчера на тренингот и го прекинал истиот на само една недела пред стартот на Европското првенство и засега останува неизвесно каков степен е повредата на фудбалерот.

Според информациите, Де Лихт има повреда во пределот на препоните и откако почувствувал болка веднаш го прекинал тренингот, а селекторот Франк Де Бур, не открил точно колку проблематична е повредата освен дека „Де Лихт прекинал зашто не сака да ризикува, а и лекарскиот тим се согласил дека има непотребен ризик да продолжи да тренира“.

Холандија е последниот противник во групата Ц на Македонија, во мечот закажан за 21 јуни во Амстердам.