петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Хорор за шпанскиот репрезентативец – Го нападнаа разбојници, брат му заврши во болница

Хорор за шпанскиот репрезентативец – Го нападнаа разбојници, брат му заврши во болница

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо преживеа хорор во Валенсија каде е на одмор, откако го нападнаа разбојници пред фризерски салон и му украдоа часовник вреден околу 30 илјади евра, а брат му е повреден и заврши во болница.

Олмо излегол од фризерскиот салон и бил нападнат од непозната група, а со него бил и неговиот брат, кој се обидел да им се спротивстави на криминалците и со полесни повреди завршил во болница.

Олмо останал без часовникот, но што е најважно не е повреден, а и неговиот брат по укажаната помош е пуштен од болница.