Аријан Адеми ова лето од Кина се врати во Динамо Загреб. Во Пекинг Гуоан мина само шест месеци. Преговорите беа во сила со недели, за на крај во последниот ден од преодниот рок, Адеми се врати на „Максимир“ за 300.000 евра.
Динамо не стигна да го пријави Адеми за натпреварите во Европа, а ќе може да игра дури во нокаут фазата. Од враќањето на „Максимир“, Адеми одигра само седум минути против Славен Белупо, 28 против Рудеш, 27 против Пониква во Купот.
Кинезите најмногу драматизирале и одоговлекувле по прашање на бонусите кои Динамо треба да им ги исплати. А токму бонусите се главна пречка зошто Адеми не игра повеќе за „модрите“.
Хрватите откриваат дека доколку Адеми за Динамо до крајот на оваа година во осум натпревари одигра повеќе од 35 минути (не сметајќи го судиското надополнување), Динамо на Кинезите ќе мора да им исплати 500.000 евра. Во 15 натпревари ако одигра повеќе од 35 минути, Динамо ќе мора да им исплати уште 700.000 евра, што значи дека Динамо би можел да треба да плати 1,3 милиони евра.
Сега следува дербито со Хајдук, а некои шпекулации велат дека Адеми би можел да почне од стартните 11.