Денешната ждрепка за второто претколо од Лигата на шампионите му направи мерак на раководството на Динамо, но и на медиумите во Хрватска.
„Вечниот“ шампион на оваа земја ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Шкупи од Македонија и Линколн од Гибралтар без разлика кој ќе победи, за Хрватите тоа е најслаб можен ривал што можеше да им се падне на загрепчани. Во Динамо се среќни што ги избегнаа швајцарскиот Цирих или словачкиот Слован и сметаат деа се апсолутни фаворити против Шкупи или Линколн.
Во Хрватска го одбележуваат фактот дека тренер на Шкупи е Гоце Седлоски, некогашниот македонски репрезентативец и поранешен играч на Динамо и Хајдук.